Tuesday, December 18, 2012



Планета Земја

Земјата е една од осумте планети во Сончевиот систем. Таа е трета земја по оддалеченост од Сонцето и најголема планета со цврста површина, за разлика од гасовитите „џинови”. Планетата земја има еден природен сателитМесечината, и засега е единствената позната планета на која има живот. Во геологијата преовладува мислењето дека земјата е стара околу 4,6 милијарди години, што е потврдено со одредувањето на времето на полураспаѓање наураниумот и ториумот
Земјата има и магнетно поле кое, заедно со атмосферата, ја штити од радијација (штетна по живите суштества кои ја населуваат земјата). Атмосферата, исто така служи и како штит за одбивање на помалите метеори, кои поминувајќи низ неa согоруваат пред да стигнат до земјената површина.

No comments:

Post a Comment